Во фондот на УСАИД во Тетово веќе се акумулирани 56.000 долари, средства наменети за поддршка на производни и други капацитети, за отворање нови работни места и да се подобри економијата. Овие средства се наменети за жени бизнисменки и млади. По тој повод, денеска во Тетово беше потпишан меморандум од претставници на Здружението за локален и рурален развој, УСАИД и општина Тетово. Малите и новите претпријатија често се соочуваат со бројни препреки при обезбедувањето заеми и капитал. За жените претприемачи пречките често се уште поголеми. Со овој фонд работиме на отстранување на тие пречки, нагласи Џес Бејли, амбасадор на САД во нашата земја, кој присуствуваше на чинот на потпишувањето на меморандумот.
Во фондот на УСАИД во Тетово веќе се акумулирани 56.000 долари, средства наменети за поддршка на производни и други капацитети, за отворање нови работни места и да се подобри економијата. Овие средства се наменети за жени бизнисменки и млади. По тој повод, денеска во Тетово беше потпишан меморандум од претставници на Здружението за локален и рурален развој, УСАИД и општина Тетово.
„Малите и новите претпријатија често се соочуваат со бројни препреки при обезбедувањето заеми и капитал. За жените претприемачи пречките често се уште поголеми. Со овој фонд работиме на отстранување на тие пречки“, нагласи Џес Бејли, амбасадор на САД во нашата земја, кој присуствуваше на чинот на потпишувањето на меморандумот.
„Ова е проект за експанзија во малите бизниси. Жените се вистински потенцијал за развој на овие бизниси, со што јакне и економската независност на жената“, подвлече Теута Арифи, градоначалник на општина Тетово.
Фондот е основан во 2014 година. Во старт, УСАИД учествуваше со 15.000 долари. Притоа, финансиската поддршка даде и компанијата „Еколог“ од Тетово. На фондот се приклучија и општината Боговиње, како и приватните фирми од оваа општина „Фриготехника“, „Ас. Мобеланд“ и „Универзал“. На денешниот чин на потпишување меморандум, општината на Тетово донираше 6.000 долари.
Кредитни средства од фондот веќе искористиле Јехона Мантрачи и Ќание Салиу. Тие со поддршка од по 5.000 долари отворија свои фирми и се многу задоволни од стартот. „Ова е многу добра шанса за жените. Имаме идеи и волја да го развиваме бизнисот“, рекоа Мантрачи и Салиу.